Македонија
26. July 2025 - 12:18

Засилени царински патроли на Охридско Езеро: Целосна контрола на пловните објекти за спречување криминал и избегнување на давачки

Мобилни царински тимови спроведуваат засилени патролни контроли на пловните објекти во водите на Охридското Езеро, соопштија од Царинската управа.

- Ги следиме сите сомнителни активности и каде што постои сомневање вршиме контрола се со цел навремена детекција и спречување на секој обид за криминал, изјавил помошник директорот за контрола и истраги Влатко Лакордов.

Со зголемената контрола на пловните објекти, се додава во соопштението, целиме кон спречување обиди за криумчарење и обезбедување ефикасна и реална наплата на увозни давачки.

 

МИА