Затворски полицаец продавал кокаин додека бил на работа во Затвор Струмица
Педесетгодишен полицаец од Струмица е уапсен откако се обидел да продаде кокаин пред затворот во кој работел. Против него е поднесена кривична пријава за три кривични дела, а судија му определил притвор од 30 дена.
Според МВР, на 21 ноември полициски службеници го уапсиле Р.С. (50), кој како затворски полицаец се обидел да продаде кокаин на друго лице пред Затвор Струмица. При апсењето кај него биле пронајдени три пакувања со кокаин.

При дополнителните претреси во неговиот дом и во службените простории што ги користел во затворот, полицијата пронашла повеќе пакувања со кокаин, марихуана и дигитална вага.
Во неговиот службен ормар биле откриени и куршуми за пиштол, во количина поголема од онаа што му била службено задолжена. Пронајден бил и паричник кој потекнувал од кражба пријавена истиот ден.

Против осомничениот е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, недозволено држење и тргување со оружје и експлозивни материи и кражба.
По изведувањето пред надлежен судија, на 50-годишникот му е определен притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување насилен екстремизам
-

До 15 години затвор за корупција
-

Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
-

Полицијата ќе отстранува потенцијални насилници од сопствениот дом на 48 часа
-

Почна расправата за буџетот: Колку ќе собере, а колку ќе потроши државата догодина?
-

Мицкоски: Зимата ќе биде тешка - ќе сториме се за да нема големи поскапувања
