Македонија
18. April 2022 - 16:33

Зависниците останаа без терапија

Дел од зависниците останаа без терапија. Утрово во Центарот во Кисела Вода им било кажано дека немаат Бупренорфин и не знаат кога ќе биде обезбеден.

-Докторите креваат раце и не знаат да ни кажат кога ќе го имаме лекот,бидејќи имале проблеми со тендерската процедура, јас не сакам да го купувам на црно ниту да се вратам на мојата стара зависност,сакам да си го добијам лекот, вели зависник кој е на оваа терапија.

Нашиот соговорник вели дека без лекот не може да функционира нормално.

-Јас без тој лек не можам ниту да учам ниту да работам, вели анонимниот соговорник.

Од Психијатриската болница Скопје, под чија надлежност е Центарот за зависници во Кисела Вода потврдија дека го нема лекот поради тендерската процедура за која задолжено било министерството за здравство. Најавуваат дека до крајот на следната недела ќе им биде обезбедена терапијата на зависниците, а во меѓувреме уверуваат дека секој зависник може да добие рецепт од лекарот кој го води во Центарот и лекот да го подигне од аптека.