Македонија
17. March 2021 - 12:40

Заврши 22 издание на меѓународниот фестивал на афоризам и карикатура во Струмица

Македонскиот карикатурист Миро Георгиевски и афористичарката Нада Караџиќ од Србија се добитниците на златни плакети на 22-то издание на меѓународниот фестивал за афоризам и карикатура кој секоја година се одржува како дел  од карневалските денови во Струмица.

Тие наградите ги добија во конкуренција на околу 100 карикатури и преку 400 афоризми кои оваа година пристигнаа на распишаниот конкурс. Освен златните, беа доделени сребрена и бронзена плакета како и специјалните награди на струмичкиот карневал. Во рамки на симболичното одбележување на карневалските денови со ограничен број на посетители беше отворена изложна со карикатури и доделени наградите за најуспешните автори.

Ковид одбележувањето на струмичкиот карневал кое годинава има само неколку симболични манифестации и без присуство на голем број посетители завршува денеска со презентација тримерскиот обичај.