Заврши постот - Што советуваат лекарите?
Граѓаните да не претеруваат со храната за божиќните празници, а посебно да внимаваат оние кои ги практикувале долгите пости и постепено да се вратат на нормалниот начин на исхрана, за да не си наштетат на здравјето, советува професорот Игор Спироски од Институтот за јавно здравје.
-Ензимите во нашиот организам кои ги разградуваат мастите во период на постење се во период на хибернација, односно поуспорена е нивната реакција во нашиот организам и треба малку време да не се внесува наеднаш храна со големо количество на масти, вели проф.д-р Игор Спироски од Институтот за јавно здравје.
Според анализите на Институтот за јавно здравје во Македонија граѓаните преку храната внесуваат многу повеќе масти и јаглехидрати од препорачаните дози, а недоволно се внесуваат витамини пред се железо, Цинк и витамин Д.
-Зборувам за внесување на витамини и минерали преку храна, значи имаме намален внес на железо, цинк и витамин Д. Недоволно ги внесуваме преку исхраната, од друга страна користиме премногу натриум, изјави професорот Спироски.
Инаку според професорот, една научна студија која е во подготовка покажува дека за време на пандемијата со Ковид 19 на европско ниво вклучително и во Македонија имало подобрување на начинот на исхрана. Во периодот на изолација луѓето повеќе готвеле дома и поздраво се хранеле.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
