Заврши судскиот претрес за четворица турски државјани обвинети за помагање при извршување на убиство во кафуле во Штип

Заврши судскиот претрес со изнесување докази и давање искази на сведоци на четворица турски државјани, кои се обвинети дека лани во мај му помогале на турскиот државјанин Кадир Кара, кој во кафуле во ценатрот на Штип уби свој сонародник.
Портпаролот на Основниот суд (ОС)-Штип, воедно и судија кривичар, Сашко Георгиев за МИА изјави дека денеска имаше сведочење од страна на сведоци за четвртообвинетото лице, а веќе на 18 февруари во 12:30 часот во штипскиот Основен суд се закажани завршните зборови на одбраната и обвинителството.
Инаку, претходно Кадир Кара призна вина за убиството на негов сонародник во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип, со што судот му изрече казна затвор од 17 години и протерување од државата, откако ќе ја издржи казната во македонски Затвор.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
