Заврши втората сесија од Стратешкиот дијалог со САД
Со американски инвестиции Македонија ќе го дивeрзифицира снабдувањето со природен гас. По потпишаните договори во рамките на втората сесија од стратешкиот дијалог овде во Вашингтон, Министерката за енергетика вели дека земјава наскоро ќе добие можност да набавува гас директно од САД.
Божиновска вчера доцна вечерта по македонско време го потпиша и договорот со Американската финансиска корпорација за развој владино американско тело кое со 5 милиони евра ќе ја поддржи австралиската компанија Пела истражувањето на исплатливоста на проектот за експлоатација на Антимон во рудникот во Крстов Дол во близина на Крива Паланка. Станува збор за компанија со која раководи Ник јовановски кој има македонско потекло
Во рамки на стратешкиот дијалог, посебен акцент беше ставен на унапредувањето на националната дигитална и сајбер-отпорност и силна поддршка за реформските процеси во оваа област.
Во време на засилени глобални тензии, Македонија се обидува да ја зацврсти својата позиција како партнер на САД. По средбите и потписите, фокусот сега се префрла на спроведувањето на договрените проекти.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
