Завршни зборови на обвинителството за убиството на Вања и Панче

Со завршни зборови на обвинителството, во Основен кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
На изминатото рочиште заврши доказната постапка од судењето кое започна во септември 2024 година.
На судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа сослушани повеќе лица, вклучувајќи ги семејствата на жртвите, службени лица, инспектори, познаници и соработници на обвинетиот Љупчо Палевски.
Обвинителството изведе и материјални докази, како видео-снимки, електронска комуникација и предмети собрани од местото на настаните. Обвинетите на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни, а првообвинетиот Палевски низ процесот тврдеше дека ова е политички монтиран процес.
Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп.
Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Ново на Сител
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-

„Алкалоид” АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија – во неа ќе се прават над 20.000 анализи годишно
-

„Забавна за момент, кобна за цел живот“ – показна вежба на МВР за превенција од употреба на петарди
-

Дардишта и 32ца осомничени за местење тендер од над 7,5 милиони евра во ЕСМ Дистрибуција
-

ГАК – Починатото новороденче немало физички повреди, причина за смртта е незрелост на белите дробови
-

Скопје меѓу најзагадените градoви
