Завршни зборови на судењето за убиството на Вања и Панче
Со завршни зборови на обвинителството, скопскиот Кривичен суд денеска продолжи судењето за случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
На изминатото рочиште заврши доказната постапка од судењето кое започна во септември минатата година.
На судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа сослушани повеќе лица, вклучувајќи ги семејствата на жртвите, службени лица, инспектори, познаници и соработници на обвинетиот Љупчо Палевски.
Обвинителството изведе и материјални докази, како видео-снимки, електронска комуникација и предмети собрани од местото на настаните. Обвинетите на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни, а првообвинетиот Палевски низ процесот тврдеше дека ова е политички монтиран процес.
Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Ново на Сител
-
Формирана стручна комисија која ќе испитува дали има лекарски пропуст кај починатото дете од Кавадарци
-
Нема драстично поскапување на основните прехранбени производи вели Дурмиши
-
Грантови до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да започнат бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог
-
Избор на нов министер за здравство во Собранието
-
Две нови мерки за вработување
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени