Бизнис

Здружението на инженери поднесе иницијатива Чебрен да го гради државата

Чебрен да го гради државата, а Собранието или владата да донесат Закон за негово финансирање. Здружението на инженери поднесе Иницијатива за реализација на овој капитален проект, затоа што сметаат дека  има  капацитет, знаење и финансии за сама да го стори тоа. Досегашното искуство со неуспешните 14 тендери покажало дека партерството  со инвеститори од други земји не е функционално. Причините се различни, но проектот е еконимски исплатлив и општествено корисен, пишува во Иницијативата, поднесена до претседателот на владата и Собранието. Премиерот вели  - ќе се напарви анализа која ќе покаже која варијанта е подобра.. Но , според него, поекономично е кога странски инвестотор   ја гради, за да не мора државата да се задолжува и да го зголемува јавниот долг. 

Секогаш е добро од финансиски аспект да имате приватен инвестотор кој ќе инвестира свои средства. Во тој случај ќе ја имаме инвестицијата, а нема да го оптоварите јавниот долг со нови задолжувања. Јас го почитувам мислењето на Здружението на инженери, но 4 децении не се изградени тие капацитети. Анализата која ќе ја работи министерството за финансии  ќе покаже кои се предностите од двете варијанти, изјави Димитар Ковачевски, премиер.

Од Здружението велат дека имаат неколки предлог решенија, но доминираат две насоки- Да се изградат неколку брани со помала височина или Голем Чебрен, придружен со мала брана Орлов Камен. Доколку не биде донесен овој закон, реазлизацијата на Чебрен ќе зависи од политичката гарнитура која е на власт, нејзиниот капацитет и приоритет со повеќегодишното одложување на решевањето и повторно отворање на дилемата – Јавно приватно партнерство или изградба на капацитет со сопствени сили, пишува во иницијативата.