Зеленски бара од САД да купи пет отсто од американските залихи на ракетите за системите „Патриот“

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, побара од САД да и продадат на Украина најмалку пет отсто од ракетите-пресретнувачи што ги имаат на залиха за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, со цел да се спротивстави на зачестените руски напади со балистички ракети.
Во интервју за американската телевизија„ Си-Ен-Ен“ Зеленски изјави дека Украина во моментов добива само еден отсто од американските ракети-пресретнувачи за „Патриот“.
„Оваа година Украина има два и пол пати помалку пресретнувачи отколку во 2025 година, додека Русија секој месец има двојно повеќе балистички ракети отколку порано“, изјави Зеленски.
Тој побара од американските партнери да и продадат пет отсто од ракетите-пресретнувачи што ги имаат на залиха.
„Ако ни продадат пет отсто, ќе ја преживееме зимата и ќе спасиме луѓе“, рече украинскиот претседател.
Русија последниот период речиси еднаш седмично изведува напади врз Киев со балистички ракети. Во нападот извршен ноќта на 5 август во кој загинаа 17 лица, украинската противвоздушна одбрана не успеала да пресретне ниту една од 28-те истрелани руски балистички ракети.
МИА
Ново на Сител
-

Нов центар во Штип за развој на студентски бизнис идеи
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
