Зеленски и Трамп денеска ќе се сретнат во Њујорк
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се сретне со својот американски колега Доналд Трамп во Њујорк, а ќе учествува и на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина, на состанокот на меѓународната коалиција за враќање на украинските деца однесени во Русија, како и на голем број билатерални состаноци, објави Укринформ.
Според дописникот на украинската новинска агенција од Њујорк, се очекува Зеленски да присуствува и на отворањето на Општата политичка дебата во рамките на јубилејната 80-та сесија на Генералното собрание на ОН во американската метропола.
На состанокот на коалицијата за украинските деца ќе присуствува и првата дама на Украина – Олена Зеленска. Покрај украинскиот претседател, на форумот се очекува да зборува и канадскиот премиер Марк Карни.
Зеленски денеска има планирана средба и со претседателката на Генералното собрание на ОН, Аналена Бербок, поранешна министерка за надворешни работи на Германија, додава Укринформ.
МИА
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска