Зеленски предупреди дека Русија подготвува нов масовен напад

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги повика Украинците во наредните денови внимателно да реагираат на сигналите за воздушна опасност, поради информациите дека Русија подготвува нов масовен напад.
Украинскиот претседател претходно изјави дека, според разузнавачки податоци, Русија ги привршува подготовките за нов масовен напад, чии цели повторно би можеле да бидат енергетски објекти, логистичка инфраструктура и објекти од витално значење во градовите и населените места.
Зеленски на X им се заблагодари на екипите за поправки, енергетските компании, комуналните служби и Државната служба за вонредни состојби за работата на обновување на снабдувањето со електрична енергија по руските напади.
Тој наведе дека руските сили продолжуваат да гаѓаат трафостаници, далноводи и електроенергетска мрежа.
МИА
Ново на Сител
-

Дебата за новиот Кривичен законик, има ли простор за неказнивост?
-

Со два специјални закони до поевтини домови за млади брачни парови
-

Клучните закони за спречување на насилството се закочени во Парламентот
-

„Своја на своето“ - кампања против насилството
-

Владата мобилизираше шест институции за решавање на проблемот со кравите во Крива Паланка
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува надзорната расправа за Алта банка
-

Премиерот Мицкоски денеска на самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел
