Зеленски: Русија подготвува масовни напади врз украинската инфраструктура

Претседателот на Русија, Володимир Зеленски синоќа изјави дека според разузнавачки податоци Русија подготвува нови напади врз украинската енергетска инфраструктура.
- Разузнавачките извештаи покажуваат дека Русија подготвува понатамошни масовни напади врз енергетската инфраструктура, па затоа мора да се осигураме дека сите системи за воздушна одбрана се правилно распоредени - наведе Зеленски во вечерното обраќање до нацијата.
Тој додаде дека „Русија не може да одолее на искушението болно да ги погоди Украинците во последните денови од зимата“.
- Партнерите мора да го разберат тоа. Тоа важи пред сè за САД, истакна Зеленски.
Денеска во Женева се одржува третиот круг преговори помеѓу Украина, Русија и САД.
Шефот на украинската делегација Рустем Умеров на Телеграм објави дека неговиот тим пристигнал во Женева и се надева на „конструктивна работа и содржајни состаноци за безбедносните и хуманитарните прашања“.
Кремљ потврди дека руската делегација ќе биде предводена од помошникот на Кремљ, Владимир Медински.
- Овој пат планираме да разговараме за поширок распон на теми, вклучително и клучните. А клучните прашања се однесуваат на територијата и сите наши други барања - изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
На двете претходни средби во Обединетите Арапски Емирати не беше постигнат значителен напредок за ставање крај на војната, но беше договорена размена на воени заробеници.
МИА
Ново на Сител
-

Протест на ССМ пред Владата
-

Се санираат штетите во Кичево, 250 лица и натаму се евакуирани
-

Ќе се врши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга
-

Бизнисот, УГД и општината во заедничка мисија - иновации дома
-

Преглед на вестите од светот
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
