Зеленски: Украина преговара со земјите од Блискиот Исток за набавка на дизел

Украинскиот претседател Володимир Зеленски информираше дека Киев интензивно работи на склучување договор со земјите од Блискиот Исток за снабдување со дизел, нафтен дериват кој моментално е во најголем недостиг во земјата.
За време на неговата посета на Блискиот Исток, претседателот Зеленски во разговор за украинските медиуми истакна дека претходно постигнат е договор за одбранбена соработка меѓу Украина и Саудиска Арабија.
Овој меморандум претставува основа за иницирање идна соработка, технолошки развој и инвестициски проекти.
Зеленски потенцираше дека во координација со своите министри и со претставници на државната компанија „Нафтогас“ се разговара за надминување на можниот недостиг, нагласувајќи дека 90% од енергетскиот дефицит се однесува конкретно на дизел горивото.
Претседателот Зеленски додаде дека овој рамковен договор бил потпишан непосредно пред неговата средба со саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман ал Сауд.
Воедно, Украина ја зацврстува својата позиција во регионот со испраќање на повеќе од 220 стручњаци, кои даваат консултации на блискоисточните држави за справување со напади од беспилотни летала, кои предизвикаа значителни штети врз енергетската инфраструктура во целиот регион.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
-

Во Македонија горивата до 30 отсто поевтини отколку кај соседите
-

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато
-

Почнува летното сметање на времето
-

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми
-

Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа
-

Мицкоски ќе се обрати на настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“
