Земјите од ЕУ се согласија за нова рунда санкции кон Русија
Дваесет и седумте земји-членки на ЕУ се согласија за 18-ти пакет санкции насочен кон Русија за инвазијата на Украина, изјавија денеска неколку дипломати за ДПА.
Пакетот санкции е насочен кон финансискиот и енергетскиот сектор на Русија и доаѓа како одговор на одбивањето на претседателот Владимир Путин да се согласи на безусловно примирје во Украина.
Словачка го блокираше пакетот, наведувајќи загриженост во врска со увозот на гас, но премиерот Роберт Фицо вчера изјави дека им наложил на претставниците на Словачка да ги одобрат мерките.
Фицо спомена дека продолжувањето на блокирањето на потегот би било „контрапродуктивно“ за интересите на Словачка како членка на ЕУ.
Сите 27 земји-членки на ЕУ мора да поддржат нови санкции пред тие да можат да се спроведат.
МИА
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот