Земјоделците бараат субвенции за вештачко ѓубриво
Субвенциите за вештачко ѓубриво се добри, но треба да важат за сите земјоделски гранки, не само за полјоделците, реагираат од здружението Кукла градинар од Куклиш. Од таму велат дека со оваа мерка треба да бидат опфатени сите бидејќи вештачко ѓубриво користат и градинарите и лозарите и овоштарите Свесни се дека житните култури се стратешки, но според нив и другите култури не се помалку важни.
За земјоделците дополнителен проблем е и тоа што субвенцијата за азотни ѓубрива се однесувала само за површините над над еден хектар. Прашуваат што со оние производители кои одгледуваат помалку.
Според градинарите негативните влијанија од економската и енергетската криза директно се рефлектираат во нивното работење поради што производствените трошоци им се зголемени за 100 проценти. За ублажување на ударот апелираат до владата за најбрза исплата на субвенции кои им се неопходни за почеток втората реколта.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар