Македонија
15. December 2023 - 19:46

Земјоделците добија до 10.000 евра грант за модернизација и механизација

Тежок е животот на земјоделците. И на минус 10 и на плус 40, мора да работат.  Трудот слабо им се вреднува, ќарот, најчесто оди кај трговците.

Ние одгледуваме, произведуваме и после го продаваме. Пиперот во летото ни го откупија за 20,25 денари. а на пазар трговците си ги продаваат над 100 денари, вели Христина Чагароска, индивидулаен земјоделец.

Мора да се живее, не се исплатува, но мора да работиме. Трошоците за ѓубриво, сеење, се високи, но еве благодарни сме на владата што ни помага вели Васко Неделковски, земјоделец.

За да се модернизираат и да си набават нова опрема и механизација, на земјоделците на чија основна дејност им е земјоделието, државата, со кофинансирање,  им додели до10  илјади евра неповратни средства.

Ова е посебна програма, не е дел од редовните субвенции. Практично, она што самите земјоделци ни го побараа, ние го преточивме во нова мерка која ја нарековме Бизнис план,  изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделие.

Министерот за земјоделие е задоволен што расте интересот за оваа гранка  и кај младите и кај жените. Тоа, според него , се должи на мерките и поддршката која им ја даваат. Во моментов во државата има околу  8,000 регистрирани земјоделци кои живеат само од оваа дејност.