Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
Влажниот бран што ја зафати земјава се очекува да ја подобри состојбата во земјоделството. Поради високите температури кои минатата недела надминуваа 40 степени, сите култури се загрозени и се во фаза на топлотен стрес, велат агрометеоролозите. Топлото време, објаснуваат, предизвика зголемено испарување на водата и од почвата, но и од растенијата (преку транспирација).
- Со намалување на резервите за вода во почвата, доаѓа до појава на суша. Ова го покажува и пресметката на стандардизираниот индекс на суша со кој се оценува метеоролошката суша, а пресметаните вредности покажуваат тендеција од умерена кон јака до екстремна суша. Загрозени се сите култури, пролетните, окопните, индустриските, градинарските, овошките, виновата лоза, особено оние каде нема доволно услови за наводнување. Загрозени се и повеќегодишните култури кај кои резервите на вода и во подлабоките слоеви постојано се намалуваат, укажуваат агрометеоролозите од УХМР.
Според нив, овој период е критичен посебно за некои сорти винова лоза кои се во почеток на зреење.
- Повеќето култури, како овошките, се во фаза на берба. Некои сорти, пак, на винова лоза се во фенофаза почеток на зреење - прошарок кај зрната. За време на прошарокот, во зрното се случуваат многу важни морфолошки и физиолошки промени. Во оваа фаза продолжува порастот на зрното, па ако нема доволно влажност остануват ситни. Затоа, во овој период, важно е виновата лоза да биде снабдена со доволно количество на вода. Дестабилизирањето на времето кое се очекува во почетокот на неделава и најавените врнежи дожд, ќе ја подобрат состојбата со влага во почвата. Земјоделските производители може да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви, како и со изведување работи во поле, наводнување, уништување на плевели, заштита на растенијата од појава и развој на болести и штетници, редовно следење на посевите и други агротехнички мерки, велат агрометеоролозите од УХМР.
МИА
Ново на Сител
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември