-->
-->
Земјотрес од 5,2 степени регистриран во Албанија, ги вознемири и жителите на Дебар
-->
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер вечеравечер во 22:37 часот е регистриран во Албанија, по што следуваше и друг, но со послаб интензитет.
Епицентарот е на 29 километри северо-источно од Тирана, во подрачјето на околијата Пешкопеја, на 9 километри јужно од градот Клос. Во оваа област во петокот од 20:30 до 6 часот во саботата беа регистрирани дури седум потреси со послаба јачина.
Потресот е почувствуван и во Тирана (4,7 степени) и други градови.
Силно беше почувствуван и на македонска територија во поширокиот регион на Дебар, кој видно ги вознемири жителите, посебно оние кои живеат на повисоките катови од станбени згради.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите