Македонија
16. јуни 2025 - 12:12

Земјотрес во Охрид и околината

Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 102 километри југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, од серијата на земјотреси, почувствуван е земјотресот во 4 часот и 34 минути во Охрид и блиската околина со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатите југозападни делови од Републиката, земјотресот е почувствуван со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. 

Иако не се пријавени материјални штети или повредени лица, се забележува зголемена вознемиреност меѓу населението.

Надлежните служби остануваат на терен и ја следат состојбата. Се очекува дополнителна евалуација на подрачјето во текот на денот за да се утврди дали има помали оштетувања кои би можеле да се појават со задоцнување.