-->
-->
Земјотреси со јачина од 3,9 и 4,2 степени според Рихтер во северозападна Турција
-->
Два земјотреси со јачина од 3,9 степени и 4,2 степени според Рихтеровата скала се регистрирани денеска во близина на градот Бурса, северозападна Турција, јавија турските медиуми, повикувајќи се на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби.
Според локалние власти, во моментов нема информации за причинета материјална штети или повредени во земјотресите.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја соопшти дека екипи од Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби и од одговорните институции веќе се испратени на терен.
Земјотресите биле почувствувани и во други области во близина на Бурса.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Кос
-
Процентот на реализација на процентот на реформи ќе биде понизок, но европските средства не се загрозени
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Голем пожар кај прилепско Бешиште, локализиран пожарот кај Визбегово - од утре забрана за движење во шуми
-
Се запали глисер кај каналот Студенчишта
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски – Кос, централна тема Планот за раст од реформската агенда