Зголемен број на случаи на депресија во Романија: Празниците се психолошки товар за осамените

Бројот на случаи на депресија за време на зимските празници во Романија се зголемува за 25 отсто, тврдат експертите од психијатрискиот институт „Сокола“ во Јаши.
– Празниците се товар за осамените. Бројот на случаи на депресија се зголемува за 25 отсто во декември. Некои сеќавања се реактивираат, а празниците не носат радост на сите. На некои им носат притисок и тага. Оние кои се сами имаат чувство дека немаат со кого да ги споделат празничните моменти, велат од психијатрискиот институт „Сокола“, пренесува порталот Диџи24.
Психијатрите наведуваат дека постојат луѓе кои, наместо да бидат сами за време на празниците, претпочитаат да останат хоспитализирани.
– Имаше години кога беше навистина добро, го имав моето семејство, сите бевме обединети. Беше поинаку. Сите се собиравме околу масата, беше поубаво. Сега, откако семејството се распадна, немам со кого да бидам, признава една пациентка која се лекува од депресија.
Декември е месец кога оние кои живеат сами тешко ја поднесуваат помислата дека нема да имаат никој со нив за време на празниците, па се јавуваат тага, депресија, а психичката состојба им се влошува.
– Бев тажен, вознемирен, не можев да се одморам. Ми се вртеше во глава, имав главоболки и одлучив да дојдам во болница, вели еден од штитениците на психијатрискиот институт „Сокола“ во Јаши.
Секоја година, во декември, бројот на случаи се зголемува за 20 до 25 отсто кај луѓе кои се чувствуваат беспомошно, никому не му веруваат и немаат пријатели.
„Најмалку еден таков пациент пристигнува на одделението за итни случаи на Институтот „Сокола“ секој час“, вели Ралука Модорану, психијатар во Институтот.
МИА
Ново на Сител
-

Коцевски поднесе оставка пред собраниската седница за негово разрешување
-

Собранието ја констатираше оставката на Коцевски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Никој нејќе да биде дел од раководството на СДСМ, Филипче да поднесе оставка
-

СДСМ ја лансираше платформата М.И.Ц.К.О, ги повика граѓаните да пријавуваат криминал и корупција
-

Откупена половина од годинешната реколта на тутунот
-

Засилени инспекциски контроли и мерки за намалување на аерозагадувањето во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда
