-->
-->
Зголемена дневна фрекфренција од албански граѓани на ГП „Ќафасан" за набавка на нафта и храна во Македонија
-->

Рекорден проток на патници и возила е забележан во текот на денов на граничниот премин „Ќафасан", на македонско - албанската граница кај Струга.
Речиси 80 отсто од оние кои минуваат преку овој премин се албански граѓани кои во Струга, каде денеска е пазарен ден, но и во Охрид доаѓаат заради набавка на гориво и храна, кои се по пониски цени од оние во нивната земја, но и поквалитетни.
-Редицата автомобили за преминување на границата е долга со километри. Според извештаите, на граѓаните им се потребни над 2 часа за да преминат од Албанија во Македонија и обратно, наведуваат албанските медиуми.
Посочуваат дека цените на горивата во Албанија се повисоки отколку во Македонија. На пример литар дизел во Албанија е 2,2 евра.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јавна расправа за Совет на обвинителите
-

Сведоци за „Пулс“ ќе се носат со полиција ако не дојдат на судење
-

Крмзов и обвинетите не се чувствуваат виновни, одбраната тврди: Обвинението е неосновано, нема штета врз буџетот
-

Реконструирани шест од предвидените десет хируршки сали на Клинички
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотека Пулс
-

Во употреба пуштени реконструираните операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Регулаторна попладнево ќе ги објави новите цени на горивата
