Македонија
23. January 2026 - 13:38

Жител од Ваташа тешко повреден при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци

Во ОВР - Кавадарци вчера е пријавено дека во кавадаречката Општа болница со тешка телесна повреда бил донесен А.М., на возраст од 34 години од село Ваташа, кавадерчко.

Според пријавеното, тој се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

За настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа од ОВР - Кавадарци.

 

МИА