Жртвите од поплавите и лизгањето на земјиште во Индонезија надминаа илјада лица

Бројот на смртните случаи од поплавите, одроните и лизгањето на земјиштето во Индонезија достигна 1.003 лица, а 218 сè уште се водат како исчезнати, соопшти денеска Националната служба за справување со катастрофи.
Над 5.400 лица се повредени во поплавите во провинциите Северна и Западна Суматра и Ачех пред две недели, а 1,2 милиони жители се сместени во привремени засолништа, додава службата.
Тропските бури и монсунските дождови ја погодија Југоисточна Азија (Индонезија, Малезија и Тајланд) и Јужна Азија (Шри Ланка) претходно овој месец, предизвикувајќи ненадејни поплави и одрони.
Ова е една од најтешките катастрофи во трите провинции на островот Суматра во последните години, особено во Ачех, кој беше погоден од моќно цунами во 2004 година.
Вредноста на уништувањата се проценува на 3,1 милијарда долари.
Индонезиската Влада беше критикувана дека не прогласила вонредна состојба, што би можело да ја забрза помошта за погодените и да ја подобри координацијата. Џакарта исто така не побарала меѓународна помош, за разлика од Шри Ланка.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
