Зохар: Израел не сака привремено примирје, туку крај на војната и враќање на заложниците
Израелскиот министер за култура, Мики Зохар, денес соопшти дека спогодбата за привремен прекин на огнот со цел ослободување на заложниците кои ги зароби Хамас во Газа, не е приоритетна тема на денешната владина сесија.
„Тајмс оф Израел“ го цитира министерот кој категорично тврди дека „Израел се залага само за сеопфатен договор за прекин на огнот и враќање на заложниците“. Тој додава: „Веќе нема можност за делумен договор“.
Зохар за Канал 12 изјави: „Тоа не е на нашата агенда. Единствената тема е завршување на војната, се разбира, со враќање на сите заложници и демилитаризација на Појасот Газа“.
Пред две седмици, Хамас објави дека ќе се согласи на двомесечно примирје во склоп на кое би ослободил 10 од 48-те израелски заложници за кои тврди дека се’ уште се живи во Газа.
Израелската влада не даде одговор на оваа понуда и продолжува со подготовките за преземање на контролата над градот Газа.
Ново на Сител
-
ИДФ: Убиен водачот на Муџахединските бригади во Газа
-
Трамп соопшти дека САД нападнале брод со дрога кој тргнал од Венецуела, загинале 11 припадници на банда
-
Си Џинпинг ја покажа моќта на Кина на воена парада со присуство Путин и Ким Џонг-ун
-
Собранието треба да продолжи со работа по 67. пленарна седница
-
Презентација на Стратегијата за соработка со СЗО 2026-2030
-
Кос: Вратите на ЕУ се отворени за оние кандидати што ќе ги исполнат Копенхашките критериуми
-
Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони
-
Трамп го обвини кинескиот претседател дека со Путин и Ким Џонг-ун прават заговор против САД