ЗОИ 2026: ИОК го дисквалификува Украинецот Гераскевич поради носење нелегална кацига

Организаторите на Олимписките игри во 2026 година го дисквалификуваа украинскиот тркач со скелетон Владислав Гераскевич поради носење нелегална кацига со портрети на починати спортисти, пренесува ТАСС.
ИОК, исто така, му ја одзеде олимписката акредитација на Гераскевич.
„Марка“ објави дека претседателката на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Кирсти Ковентри, лично ќе пристигне на олимписката патека, Еугенио Монти, за да се сретне со спортистот и да го одврати од носењето на кацигата.
Дваесет и седумгодишниот Украинец претходно ја објави својата намера да се натпреварува носејќи ја кацигата на Игрите во Италија, но ИОК му ја одби дозволата бидејќи тоа ја прекршува Олимписката повелба.
Директорот за комуникации на ИОК, Марк Адамс, изјави дека организацијата има намера да ги почитува правилата во оваа ситуација.
И покрај предупредувањето на комитетот, спортистот објави на социјалните мрежи дека нема намера да го промени својот став.
МИА
Ново на Сител
-

Самит ЕУ - Западен Балкан: За Македонија само повеќе пари
-

Тема на денот со Марко Трошановски, Институт за демократија „Социетас Цивилис“
-

Мицкоски од Брисел: Одбивам разговори за билатерални прашања
-

Протест против насилството и фемицидот: Собранието да го донесе законот до 10 декември
-

На скопската Брза помош и треба итна помош!
-

Надзорна расправа за Алта банка
-

Мицкоски пред патувањето во Брисел: Одбивам разговори за билатерални прашања
-

Дебата за новиот Кривичен законик, има ли простор за неказнивост?
