Македонија
7. August 2022 - 16:28

Зошто доцнат реконструкциите на дел од патните делници?

Ниту до идното лето нема да заврши реконструкцијата на петте километри автопат од Петровец до Катланово. Јавното претпријатие за државни патишта се чека да направи избор на фирма која ќе ги доврши градежните работи кои почнаа пред две години. Од таму велат дека три компании доставиле понуди, а која од нив ќе го доизгради патот, ќе се знае откако ќе заврши анализата на проектите.. Според огласот, градежните работи требаше да почнат во јули и да траат во следните 12 месеци.

Реконсктрукцијата на овој дел од автопатот чини над 7 милиони евра, а парите се обезбедени од Европската банка за обнова и развој. Градежните работи почнаа во септември 2020та, а според новозададениот рок, обновата на оваа делница во должина од пет километри, ќе трае речиси три години.

Доцнење на проекти од патната мрежа утврдил и Државниот завод за ревизија. Неговата анализа покажала дека само за камати, државата потрошила близу 60 милиони евра, а патиштата не се изградени. Според ревизорскиот извештај, најмогу пропусти има во проекти на претпријатието за државни патишта.

„Тие имаат бавна динамика на реализација која се должи на слабости во техничките решенија како дел од проектната документација, раскинување на договори со изведувачи од различни причини, покренување на постапка за меѓународна арбитража, административни пречки за започнување на експропријација“, наведува државниот завод за ревизија.

Реконструкцијата на автопатот Петровец – Катланово запре откако беше раскинат договорот со фирмата која според планот работите требаше да ги заврши во септември лани.. Но, повеќе од десет месеци овде нема никакви градежни активности.. Во меѓувреме, сообрааќјот се одвива по една коловозна лента и наизменично минување од една во друга насока.

Државниот заводот за ревизија посочува дека бавна раеализација има и автопатот Кичево – Охрид. Се гради веќе осум години и според најавите, готов треба да биде до крајот на 2023та. За овој патен правец државата позајми 685 милиони евра, а досега е потрошена половина од сумата.