Зошто се зголемува бројот на семејно насилство - Што велат експертите, невладините, полицијата?
Од година в година се зголемува бројот на жртви на семејно насилство, покажува статистиката на полицијата. Критично било уште во 2017 година кога оваа бројка била трицифрена, но во следните години не паѓа под 1.000.
Драстично зголемување на бројот на жртви на оваа појава имаме претходната година, за која ресорното министерство поседува податоци само од јануари до септември. Дотогаш, 1.873 лица побарале помош од институциите.
Од регистрираните случаи, 627 од жртвите биле мажи, а 1.246 жени.
Иако во извештаите на надлежните доминира насилството врз жените, сепак и мажите се почесто се жртви на физичко насилство.
- Имаме засилена појава дури и на женското насилство над машкиот пол. Тоа се појавува, веројатно е некаков одговор на насилството коешто доаѓа од оваа страна, па е реакција на таквото насилство. Но сепак, станува збор за нешто кое општеството не го сака и треба да се намалува на интензитет - изјави Ѓорѓи Тоновски, социолог.
Социолозите се децидни дека постојат јасни знаци за препознавање на семејното насилство.
- Пропустите кои ги има при вклучување на брачната заедница, или недоволното внимание за препознавањето на партнерот, стануваат поголеми и потоа станува некоја практика во односите помеѓу овие партнери, додаде Тоновски.
Факт е дека кај граѓаните во државата расте свесноста за навремено пријавување на семејното насилство, со цел негово спречување. Поткрепа е и извештајот на Национиот совет за родова рамноправност за 2023 година, кој покажува дека жртвите се почесто сами се охрабриле да побараат помош од институциите и при најмал сигнал на физички или вербален напад.
Надлежните упатуваат апел до сите жртви на семејно насилство навремено да го кренат гласот и да побараат помош од институциите.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
