Зошто системот за несреќи и непогоди бавно реагира?
Доцна попладнево од реката Вардар е извлечено безживотно тело, за кое од ЦУК велат дека најверојатно е лицето кое вчера утро скокна од мостот близнак во Аеродром.
Телото го забележале граѓани на околу два километри низводно од мостот, а го пријавиле преку 112.
Во овие вести анализираме зошто на службите кои интервенираат во несреќи и природни катастрофи, им беа потребни осум часа да ја почнат акцијата за пронаоѓање на лицето.
Не е за изненадување бавната реакција на институциите на кои им беа потребни повеќе часови да организираат акција за пронаоѓање на исчезнато лице во Вардар.. Според експертите, во службите за интервенции при несреќи и природни катастрофи, отсуствуваат стручност и одговорност.
Универзитетскиот професор по административно право и јавна администрација, Борче Давитковски, смета дека непрофесионалноста, подолг период е проблем со кој се соочуваат македонските институции..
„Ништо не треба да не чуди во оваа наша држава во последните 10-15 години. Имаме ние заробени институции од партиски војници, а по автоматизам и стручноста и компетентноста на сите институции. Сите институции стојат, ставени таму партиски кадри кои едноставно не ја разбираат работата“, вели Борче Давитковски, Универзитетски професор.
Таквата состојба, резултира и со лоши услуги за граѓаните, вели Давитковски.. Појаснува дека не само службите за брзи интервенции, туку и останатиот дел од администрацијата не ги извршува своите надлежности..
„Дали е пожар, дали е поплава, сообраќајка, кражба, убиство, институциите наши не реагираат. Обвинителството не реагира, судството не пресудува. Како граѓаните да очекуваат, само да се молиме на господ да не се случи нешто. Сега да има големи поплави, тешко нас ќе биде. Летоска се молевме да нема пожари, бидејќи авионите не ни беа сервисирани“, вели Давитковски.
Осум часа вчера им беа потребни на институциите да ја организираат потрагата по лице за кое Центарот за управување со кризи информираше дека скокнало од мост на реката Вардар во Аеродром.. Повикот пристигнал во шест наутро, а потрагата почна во 14 часот.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
