-->
-->
19-годишно момче од Тетово загина во Италија откако паднало од покрив висок седум метри додека работело
-->
Трагична несреќа во Италија го одзеде животот на 19-годишно момче од Тетово, кое загинало додека извршувало работни задачи.
Како што пренесуваат медиумите на албански јазик, младиот тетовец паднал од покрив, од височина од приближно седум метри. При падот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле смртоносни.
Засега не се познати деталите за несреќата, ниту околностите под кои 19-годишникот паднал од покривот.
Според објавените информации, погребот на момчето ќе се одржи утре во Тетово, по пладневната молитва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

По 11 години Охрид ќе добие затворен базен
-

Преглед на вестите од светот
-

„Подготовка за поширока ЕУ“ – Кос ги претстави петте измени во начинот на одлучување
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

Во Македонија меѓу себе се бараат околу 90 илјади лица
-

Привремено одложена имунизацијата со БСЖ вакцината против туберкулоза поради несакани реакции во Хрватска
-

Остри реакции по најавата на Комората за кратење на празниците - против и МПЦ-ОА
-

Правилникот за боледување усвоен на УО на ФЗО - нема кратење на денови туку промена на медицинските критериуми
