-->
-->
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-->

Дваесет и седумгодишен кавадарчанец бил приведен за физички напад врз неговата баба, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Синоќа во 23:20 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишија од слобода П.К., постапувајќи по пријава, дека во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 78-годишна баба, појаснуваат од СВР - Велес.
Лицето било спроведено во здравствена установа. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, како што посочуваат од СВР - Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
-

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри
-

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени
-

Запленета брендирана стока и разновиден алат, две лица приведени | ФОТО
-

СДСМ утре ќе го бира новото раководство
-

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
-

Од денеска нова авиолинија од Скопје до Прага на „Визер“
-

Седница на собраниската Комисија за европски прашања
