27 лица загинаа во израелски напади во Газа
Цивилната одбрана во Појасот Газа соопшти дека најмалку 27 Палестинци, меѓу кои и деца, загинале денеска во израелски напади низ територијата.
Според портпаролот на организацијата, која обезбедува прва помош, во нападите извршени во текот на ноќта и рано утрово биле погодени куќи и кампови за раселени лица.
Израелската војска засега не ги коментираше овие информации.
Во градот Газа загинале осум Палестинци, во бегалскиот камп Нусеират во центарот на Појасот Газа, загинале 10 луѓе, а уште тројца луѓе загинале во напад на кампот за раселени лица Ал Маваси на југот на Појасот Газа.
Светските агенции напоменуваат дека поради рестрикциите кои Израел им ги наметна на медиумите за Газа и тешкотиите за пристап на терен, не се во можност да ги проверат податоците за загинатите од независни извори
Ново на Сител
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода