45 евра казна ако поминете на зелено но останете заглавени сред кстосница

45 евра казна ќе добиваат возачите кои ќе влезат на крстосница на зелено светло, но поради метеж ќе останат заглавени во нејзината средина. Ова е предвидено во рамки на системот „Сејф Сити“, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Во ваквите ситуации прекршокот нема да се смета за поминување на црвено светло, туку како попречување или забавување на сообраќајот на самата крстосница, што е посебно дефиниран сообраќаен прекршок. Тоа значи дека возачите ќе треба однапред да проценат дали имаат услови безбедно да ја минат крстосницата, дури и кога семафорот е зелен.
За време на тестирањето биле забележани случаи во кои камерите регистрирале поминување на црвено, иако возилото влегло додека било зелено светло. Надлежните појаснуваат дека системот е прилагоден и дека отсега ваквите ситуации нема да се водат како поминување на црвено, туку како т.н. „блокирање“ на крстосница.
Ново на Сител
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
