59 годишник допирал по тело малолетник во парк во Чаир
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе обвинение против 59-годишник кој се товари за полов напад врз малолетник, согласно член 186 став 7 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
„На 24.08.2024 година, во парк во населбата Чаир, обвинетиот извршил други полови дејствија врз дете кое во тој момент имало наполнети 15 години. Започнал да го допира детето, но тоа му ја фатило раката и се заканило дека ќе повика полиција. Во тој момент обвинетиот се обидел да избега и да се скрие во влез од зграда. Детето ја затворило вратата од влезот и повикало полиција која го привела обвинетиот.
За обезбедување на обвинетиот во текот на постапката на сила се мерки на претпазливост определени од судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска за јавување кај надлежен државен орган, одземање на патна и друга исправа за преминувањe на државната граница и забрана за воспоставување контакт со оштетениот“. велат од Обвинителството.
Ново на Сител
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници