71-годишен кумановец загина во сообраќајка при судар со товарно возило
Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево во 13 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, соопштија денеска од СВР Куманово.
-Во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово-Крива Паланка, во населба Карпош, Кумановско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило и патничко моторно возило „пежо“, управувано од Б.С.(71) од Куманово. Од здобиените повреди, на местото починал Б.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увидот е во тек, информираат од кумановската полиција.
Од Итна помош кажаа дека нивна екипа излегла на терен.
-Наша екипа веднаш излезе на терен и лекарот констатирал смрт, изјави д-р Бленд Алии, началник на Итна помош Куманово.
Сообраќајот на овој патен правец е затворен поради увидот од страна на полицијата.
МИА
Ново на Сител
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода