Администрацијата на Трамп подготвува укинување на до 200 илјади туристички и деловни визи

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува укинување туристички и деловни визи за до 200 илјади странски државјани кои поднеле барање за азил во САД.
Доколку биде спроведена, мерката би претставувала најголемо еднократно масовно укинување визи во историјата на САД.
Стејт департментот во следните недели би требало да објави укинување на таканаречените Б1 и Б2 визи издадени во периодот од 2016 до 2026 година на лица кои во меѓувреме поднеле барање за азил, се наведува во документи на Стејт департментот до кои дошле медиумите.
Мерката ќе биде спроведена во координација со Министерството за внатрешна безбедност.
„Координираме со Министерството за внатрешна безбедност за да ги идентификуваме и укинеме визите на странски државјани кои пристигнале во САД претставувајќи се како краткорочни посетители, но потоа поднеле барање за азил за да останат трајно во земјата“, изјави портпаролот на Стејт департментот Томи Пигот.
Мерката би можела да биде оспорена пред суд или дополнително разгледана.
Откако Трамп ја презеде функцијата за својот втор мандат минатата година, неговата администрација континуирано ги заострува ограничувањата за лицата кои аплицираат за американски визи, вклучително и со барање дополнителни информации за нивната активност на социјалните мрежи и со воведување високи такси за обработка на визите.
Администрацијата, исто така, целосно го забрани издавањето визи за државјани на одредени земји.
Ново на Сител
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Прв случај со западнонилска треска во Kумановско
-

Владата одлучи: Од денеска до 30 септември, училишниот прибор ќе се продава за 15% поевтино
-

200 паралелки помалку во основно, 100 во средно – Јаневска најави и затворање на 26 рурални училишта
