АЕК треба да донесе одлука за најповолен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска треба да донесе одлука за избор на најповолен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор откога на 24 ноември лани ги продолжи роковите од тендерската документација на барање на единствениот понудувач „Оне Македонија телекомуникации“, на унгарски „Фор-ај-џи“.
Со последната одлука на АЕК, краен рок за доделување одобрение за користење радиофреквенции е 25 февруари 2026 година.
- Се предвидува официјалниот влез да се случи на почетокот на 2026. Ова ќе ја зголеми конкуренцијата на пазарот, што беше константна забелешка во извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија - изјавија за МИА од АЕК минатиот месец.
Процесот за воведување трет мрежен оператор за мобилни мрежи и услуги почна минатата година откога Групацијата 4иГ, преку својата подружница „Оне Македонија телекомуникации“, на 17 декември 2024 година официјално достави писмо за намери до АЕК, каде што изрази интерес за обезбедување достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во државата. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски во изјава за медиумите тогаш оцени дека официјализирањето на интересот за влез на пазарот од Групацијата 4иГ ќе значи крај на дуополот на двата мобилни оператора во земјата и намалување на цените за мобилни услуги.
На 22 април 2025 година Агенцијата за електронски комуникации отвори јавна расправа, која резултира со писмa за искажување интерес од „Оне Македонија телекомуникации“ ДООЕЛ Скопје, „Битстрим мобиле„ ДООЕЛ Скопје и од „е&ппф телеком груп Б. В“., а на 19 јули 2025 година донесе одлука за распишување јавен тендер со јавно наддавање за доделување одобренија за користење радиофреквенции од радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.x GHz. Најнискиот почетен изос на пазарната вредност на радиофрекфенциите како еднократен надомест за одобрението А1 изнесува 4,2 милиони евра, за одобрението Б1 е 1,5 милион евра, а за одобрението C1 - 2,32 милиона евра. Рокот на важност на одобренијата за користење радиофреквенции А1 и С1 ќе биде 12 години, односно до 2037 година, а на одобрението В1 - 8 години, до 2033 година, поради усогласување со претходно издадените одобренија на другите два оператора.
На македонскиот пазар моментно работат „Македонски телеком“ АД Скопје и „А1 Македонија“ ДООЕЛ Скопје, како и виртуелните оператори „Лајкамобајл“ ДООЕЛ Скопје, „Мтел“ ДООЕЛ Скопје, „Роби“ ДООЕЛ Штип и „Греен телекомуникации„“ ДОО Прилеп.
Заклучно со третиот квартал лани, бројот на активни претплатници во мобилната телефонија изнесува 2.105.467. Резиденцијални припеид претплатници се 833.089, резиденцијалн постпеид 1.024.072, а деловни постпеид 248.306.
Според податоците на АЕК за третиот квартал лани, А1 Македонија има 47,41 процент удел во вкупниот број претплатници, Македонски Телеком 46,68 проценти, М ТЕЛ 4,55 проценти, Телекабел 1,27 проценти, а Греен мобиле 0,10 проценти. Во приходите од обезбедување на мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во третиот квартал од 2025 година Македонски Телеком има удел од 49,49 проценти, А1 Македонија 48,58 проценти, М ТЕЛ 0,93 проценти, Телекабел 0,79 проценти, а Греен мобиле 0,11 проценти. Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) во третиот квартал имале 1.781.697 претплатници.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието ги избра адвокатката Јошевска и професорката Кадри за членови на Судски совет
-

Истрошени се сите средства од Народен правобранител, должиме 70 илјади евра за кирија, вели Руфати
-

Апасиев засега единствен преставник на опозицијата на лидерската кај Мицкоски
-

Четири општини со ново раководство по повторените избори
-

СДСМ алармира за опасно задолжување
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 50 мандати повеќе од СДСМ
-

Камбовски: Оптимист сум за новиот Закон за Судски совет
