АХВ нареди нови мерки на ЈКП„ Комуналец“ од Струмица

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) му наложија спроведување на нови мерки на јавното комунално претпријатие “Комуналец” од Струмица. Како резултат на спроведениот вонреден инспекциски надзор во акумулацијата Турија, која во овој временски период е со енормно намалена количина на вода, а од од каде се обезбедува питка вода за граѓаните од Струмица.
Направен е увид и на филтер станицата и интерната лабораторија при што е утврдено дека струмичкото јавно претпријатие во моментов ги презема потребните мерки за намалување на нивото на манган во водата, чие ниво се уште е високо.
Со надзорот констатирано е дека филтерната станица, резервоарите и главна водоводна мрежа, повеке години не се механички чистени и хиперхлорирани, иако, согласно чл.24 од Правилникот за барања на безбедност и квалитет на вода за пиење сл.весник на РМ 183 од 02.10.2018, јавното комунално претпријатие има обврска тоа да го прави еднаш годишно, а за време на елементарни непогоди и зачестено.
Утврдено е дека во моментов целиот систем е контаминиран, заради што е наредено да се спроведе мерката за механичко чистење и хиперхлорирање и повторно вршење на лабораториски анализи по спроведувањето на мерките.
При надзорот на акумулацијата, од страна на инспекторите за храна на АХВ, земени се мостри од водата во акумулацијата за лабораториско испитување, од 8 мерни места.
Водата за пиење која се обезбедува од оваа акумулација за граѓаните од Струмица, се уште не е безбедна за пиење.
Ново на Сител
-

Кочани доби Центар за поддршка на момчиња и мажи
-

Преглед на вестите од светот
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
-

Планот на Мерц пред лидерите на Западен Балкан во Тиват
-

СДСМ: Младите на референдум да одлучат за иднината
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
