АХВ се подготвува за менаџирање со кризни ситуации
Преку симулациска вежба за лигавка и шап агенцијата за храна и ветеринарство ги зајакнува капацитетите и ја подобрува подготвеноста за справување во случај на итни и кризни состојби и евентуална појава на оваа болест кај животните.
И покрај тоа што болеста во државата не е регистрирана повеќе од две децении, од агенцијата велат ваквите вежби се потребни за тестирање на системот и планот за итни мерки.
-Тоа е проверка на нашиот план за итни мерки за справување со оваа болест и да видиме каде се недостатоците и корекциите се со цел да се стекне висока доверба на јавноста во институциите. Кога ќе се појави оваа болест што побрзо да се детектира, што побрзо и подобро да се справиме со неа и економските загуби од болеста да бидат минимални, вели Зоран Атанасов, директор на Агенциајта за храна и ветеринарство.
Симулациската вежба која се одржува во Струмица се реализира со поддршка од Европска комисија за контрола на болеста лигавка и шап.
Во моментов во ниту една од земјите во регионот не е регистрирана оваа болест. Најблиската држава во која има такви случаи е Турција.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
