АХВ со мерки против сипаници кај овци и кози: Сточарите предупредени да не вакцинираат самостојно

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку ветеринарните друштва со кои има склучено договор за вршење на активности од јавен карактер добива информации за појава на болести во одредени одгледувалишта. По добивањето на информација, се земаат примероци за испитување на присуство на вирусот на сипаници кај овци и кози (крв и брисеви). По потврдување на болеста директорот на АХВ донесува решение за спроведување на контролни и заштитни мерки за справување со болеста, при што се пристапува кон евтаназија на животните и нивно закопување.
АХВ е континуирано на терен, ја следи состојбата со болеста и навреме ги презема потребните заштитни и контролни мерки.
Во однос на можната вакцинација, АХВ достави информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција. Притоа, експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни мерки. Дополнително, повторно е побарана помош од EUVET тимот на Европската Комисија за справување со болеста. По добивањето на одговор за вакцинација, ќе се пристапи кон тестирање на безбедноста и чистотата на
вакцината, по што ќе се започне со вакцинација.
Секоја вакцинација на сопствен трошок на сточарот без одобрена вакцинација од страна на Агенцијата, соодветно ќе биде санкционирана и нема да се врши компензација на заболените животни, односно обештетување за одземените животни.
Агенцијата за храна и ветеринарство
Ново на Сител
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
