АХВ со засилени контроли во пресрет на велигденските празници

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава. Контролите, како што соопшти, се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие нелегалната трговија.
Со засилен надзор се опфатени маркети, угостителски објекти, специјализирани продавници за јајца, производители и трговци со бои за јајца и нивните увозници, како и месарници и зелените пазари.
-Инспекторите за храна и официјалните ветеринари на АХВ на терен детално проверуваат дали операторите ги исполнуваат сите општи и посебни услови за безбедност на храната. Во однос на боите за јајца и јајцата, покрај условите за чување и складирање и означувањето, акцент ќе биде ставен и на контролите при увоз, при што на местото на истовар, на физички преглед ќе подлежи секоја увозна пратка. Со овие активности, АХВ превентивно делува и обезбедува граѓаните да имаат сигурен пристап до безбедни и квалитетни производи за празничната трпеза. Како одговорна институција, апелираме до граѓаните да бидат внимателни и одговорни потрошувачи и храната да ја купуваат исклучиво од одобрени и регистрирани оператори кои се под контрола на Агенцијата, се наведува во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Бензините поевтинуваат, дизелот ќе се точи по стара цена
-

Филипче на терен ќе убедува за ЕУ, обвини дека Мицкоски не’ носи во изолација
-

Села не се откажува од Алијанса, очекува Апелација да му ги врати печатите на партијата
-

Пациенти со ретка болест останале без терапија - од здравство тврдат дека има лекови
-

Преглед на вестите од светот
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката со нож
-

Стојанче призна вина дека ја тепал, но не и дека ја навел Ивана да се самоубие
-

Советот на Јавни обвинители ја отфрли претставката на Ленче Ристовска против премиерот Мицкоски
