Активни три, под контрола четири пожари
До утрово до 07:00 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 30 пожари на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а изгаснати се 23, информираат од Центарот за управување со кризи.
Споредс ЦУК, активни се три пожари - во општина Гевгелија, Кожуф планина, кај село Пeтрово (букова шума), општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода (дабова шума и папрат), општина Студеничани, помеѓу селата Цветово и Драчевица, м.в.Умoво (шума).
Под контрола се четири пожари во општина Гази Баба, село Трубарево (електричен отпад), општина Гази Баба 2, село Виниче, м.в. Муратица (нискостеблеста шума), општина Студеничани, село Батинци (ниска вегетација и мешана шума) и општина Демир Хисар, градска депонија (ѓубре).
Според ЦУК, изгаснати се Изгаснати се 23 пожари.
МИА
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска