Македонија
31. July 2025 - 12:25

Активни три пожари и еден под контрола од вкупно 28 регистрирани

Од пред некој ден во гаснењето со пожарите во Македонија има и помош од странство. Секако намалувањето на температурите и локалните дождови помагаат во гаснењето на пожарите. Пожарникарите и другите екипи кои се борат со огнената стихија повторно се на терен за да ја следат ситуацијата особено на местата каде имаше активни пожари. Утрово изјава во утринската на Сител Ја сакам Македонија даде директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.