Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамет Али денеска во Тиват учествува на Регионалната конференција посветена на системите 112 и модерните технологии за управување си кризни ситуации.
-Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи: прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот, испраќање фотографии од местото на настанот, испраќање видеа од местото на настанот и директна видео-комуникација со Оперативниот Центар во итни ситуации - изјави Али.
Дополнително, ќе биде достапна и функцијата „Silent Call“, која ќе им овозможи на жртвите на семејно насилство и на лицата кои се наоѓаат во опасност тивко и безбедно да побараат помош.
-Со воведувањето на овие нови функционалности продолжуваме да го модернизираме системот 112, обезбедувајќи поголема сигурност за граѓаните, попрецизно пренесување на информациите и поефикасна реакција на надлежните служби во итни ситуации - посочи Али.
МИА
Ново на Сител
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
-

Студенти по архитектура изработија идејни решенија за мултимедијален центар во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
