Алиу: До мај ќе имаме нов паркинг на Клиничкиот центар со „смарт“ инфраструктура и катна гаража

Министерот за здравство Азир Алиу денеска, одговарајќи на новинарски прашања за паркингот на Клиничкиот центар, рече дека некаде до мај „ќе имаме паркинг што ќе биде потполно нов со 'смарт' - инфраструктура и катна гаража“.
Тој појасни дека имало административен проблем во врска со инфраструктурата на паркингот на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Министерот информираше и дека заедно со Министерството за образование и наука креираат национална стратегија за 10 години за да може да креираат профил на здравствени работници и професионалци, таму каде што е потребно.
- Тоа не може да се направи ниту за една година ниту за четири години. Знаете дека минимум шест години ни требаат за да се креира профил на доктор, одговори тој на новинарско прашање, по посетата на реконструираната Клиника за гинекологија и акушерство.
Министерот исто така потсети дека заедно со Владата ќе набават 100 амбулантни возила, а за 2027 година најави уште 50.
- Значи, за кратко време ќе има плус 150 амбулантни возила што ќе бидат опремени соодветно за да може да ги опслужат нашите граѓани, подвлече министерот.
МИА
Ново на Сител
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
-

Политички обвинувања за градење згради во Дубаи, но и за србофобија
-

Ѓорѓиевски: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка на градот
-

Рекорден буџет и големи капитални вложувања за Центар во 2026
-

Наместо намалување, зголемување на пропишување на антибиотици – Фондот во 2026 со нова политика
-

Преглед на вестите од светот
-

Родителите на загинатите во Кочани прашуваат зошто нема анализи за присуство на цијанид во крвта кај жртвите?
