Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
Азир Алиу и д-р Сашко Кедев го испија првото утринско кафе, но не кажаа конкреткно какви информации размениле и дали и колку пациенти имале непотребни интервенции во приватни болници. Интервентниот кардиолог минатата недела изнесе наводи дека во приватни установи сечеле граден кош и оперирале без потреба, по што министерот за здравство најави итен надзор. Но се уште не е формирана стручната комисија која ќе ја разгледува медицинската документација и која ќе ја сочинуваат странски доктори.
Во финална фаза е процесот за формирање на комсиијата со странски експерти, а по неговото официјализирање јавноста навремено ќе биде информирана за сите детали. Комисијата ќе има увид во релевантната медицинска документација и податоци од институциите, вклучувајќи ги јавните и приватните здравствени установи за да имаат целосен увид во состојбата и практиките.
Ангажманот на странските експерти ќе биде спроведен законски и преку институционален механизам, кој ќе биде целосно транспарентен. Деталите ќе бидат соопштени кога постапката формално ќе заврши и очекуваме веднаш по комплетирањето на комисијата и формалните постапки тие да почнат со работа.
Им биле потврдени експерти од Словенија и Италија а чекаат потврда од Германија и Австрија.
Додека се чека на комисискиот надзор, Алиу и денеска но и минатата недела најави дека од наредниот месец приватните болници задолжително ќе мора да ги пријавуваат во МЗ сите извршени интервенции и прегледи.
-Од 15 наредниот месец да мора задолжително да ги отворат базите за да може ние да ги агрегираме сите информации постоечки што се таму во тие институции. Ова е право на државата бидејќи секој граѓанин директно или индиректно придонесува кон здравствениот систем на државата и затоа ние мора да бидеме во тек со здравствената патека на секој граѓанин, изјави Азир Алиу, министер за здравство (21.08.2025)
Министерството по средбата на Кедев и Алиу, преку соопштение повика до засегнатите страни кои имаат каква било инфорамција за евентуални нњеправилности во системот да пријават. И директорот на Фондот за здравствено осигурување апелираше до граѓаните кои сметаат дека биле оштетени при кардиолошки или други интервенции да поднесат официјален приговор.
По изјавите на Кедев, минатата недела реагираа и од прватната болница Аџибадем Систина од каде побараа да се прецизира каде се прават непотребни интервенции бидејќи кај нив не направиле операција беа јасна медицинска индикација.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар