-->
-->
Алкараз шампион на УС опен и нов број 1 на светот
-->
Шпанецот Карлос Алкараз е победник на годинашниов УС опен откако во финалето го совлада Јаник Синер од Италија со 3:1 во сетови (6:2; 3:6; 6:1 и 6:4). Со овој триумф тој „го симна“ Синер од првата позиција на АТП листата.
Во мечот Алкараз од самиот почеток наметна контрола на играта и без поголеми проблеми дојде до предност од 1:0 во сетови. Сепак, Синер успеа да изедначи, но Шпанецот третиот сет го освои на доминантен начин со само еден загубен гем што беше и најава на победата.
Ова за Алкараз беше втора Грен слем титула во 2025 година откако претходно триумфираше на Ролан Гарос, додека и Синер има две Грен слем титули од Австралија опен и Вимблдон.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините