Македонија
7. September 2025 - 16:34

Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри

Пуштена во употреба делницата Климештани – Охрид,  долга 17 километри, која е дел од автопатот Кичево - Охрид. По речиси една деценија застој, од Владата задоволни што закочените проекти конечно се реализираат. Над 50% од 57 те километри од овој автопат веќе се пуштени во сообраќај, а целиот ќе биде готов до крајот на следната година. Бенефитите од изградбата ќе бидат големи.

Со побрзо, полесно и побезбедно патување, овој автопат ќе донесе повеќе туристи, повеќе инвестиции и повеќе можности за локалната економија. 

Ќе се скрати времето на патување, ќе се олесни транспортот на стоки и услуги и ќе се отвори простор за нови бизниси и нови работни места., изјави Христијан Мицкоски, премиер

Изградбата на оваа делница била најтешка., затоа што се работело врз веќе постоечки асфалт, пат со многу кривини, кој поминува низ густо населено место, вели директотот на Државни патишта

За околу 100 жители чии куќи излегувале на патот се изградени пристапни патишта за излез на автопатот, а по седумгодишен застој, за една година се завршени и постапките за експропријација.

Најдоцна за 2 месеци ќе биде пуштена и клучката кај Требеништа, најави вицепремиерот Николоски

“Би сакал да посакам овој автопат што повеќе да се користи, да носи што повеќе туристи и во Охрид и во Струга, да носи што повеќе бизнис кој што ќе оди кон овој дел на државата, исто така и преку коридор 8 ќе оди кон соседна Албанија и ќе ја поврзува Македонија со пристаништето во Драч., изјави вицепремиерот Николоски

Автопатот почна да се гради во 2014та година. Беше проценет на 500 милиони евра и требаше да биде готов за 4 години. Но со доаѓањето на СДСМ на власт, градежните работи беа стопирани поради проблеми со проктираната траса, нерешени имотно правни односи  и појавени свлечишта. Се зголеми и вредноста за дополнителни 185 милиони евра. Сега ќе треба да се доплати и за ова пролонгирање, но сумата се е уште не се соопштува.